Фудбал
2. April 2018 - 20:44

Кристијано шокираше девојче во Торино: Плачеше и молеше, а потоа од Роналдо доби нешто што ретко кој го добива

Фудбалерите на мадридски Реал пристигнаа во Торино каде во четврток ги очекува првиот дуел од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Јувентус.

Доаѓањето на шампионот на Европа предизвика голем интерес во Торино, а посебно се исплатеше упорноста на едно девојче. Микаела во дресот на Кристијано Роналдо успеа да дојде до Португалецо ти да добие потпис на дресот.

Девојчето не знаеше што ја снајде, нешто му рече на Португалецот, а по сликањето целата возбудена и расплакана го напушти просторот со фудбалерите бранители на титулата.