Македонија
7. December 2023 - 13:36

Кривична ќе има и за возачот кој го носел Палевски до Турција

Возачот кој го превезуваше осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски, во Турција и кој беше приведен на влез во земјава ќе добие кривична пријава, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Согласно она што го имаме потврдено, службите ме информираа дека ќе се поднесе кривична пријава“, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на СВР-Охрид.

Според информациите кои претходно ги објави Јавното Обвинителство, 46-годишниот С.Д. се сомничи за помагање, откако стана јасно дека го возел Љупчо Палевски-Палчо во саботата, на 2 декември, на граничниот премин помеѓу Србија и Бугарија, по што се упатил кон Турција на преминот Капитан Андреево.