Македонија
3. July 2015 - 19:12

Лидерите на одвоени средби со американски дипломати - Тачи тврди дека кризата ќе се реши идната недела

Оптимизам од САД, американскиот конгресмен Елиот Енгел очекува што поскоро разврска на  политичката криза во Македонија. По средбата со премиерот Груевски, Енгел изрази силна поддршка за пријателската земја и изрази надеж дека партиските лидери побрзо ќе најдат решение  бидејќи во спротивно ќе биде оп 

ТонскиЕлиот Енгел американски конгресмен – - Јас секогаш сум оптимист и обично тоа дава резултати. Немам совет за премиерот  или за кој било друг, но се надевам дека оваа криза треба да биде разрешена што е можно поскоро, бидејќи колку повеќе се одолжува ќе биде потешко за справување со вистинските проблеми. Затоа се надевам дека тоа ќе биде направено што е можно поскоро

Американскиот конгресмен заедно со амбасадорот на САД Џес Бејли претходно се сретнаа со лидерот на ДУИ во Собранието. Со Ахмети разговарале за актуелната состојба и потенцирале дека е потребно лидерите да се надминат себеси и да размислуваат на државата. Енгел разговараше и со првиот човек на ДПА. Тачи по средбата  изрази надеж дека решение ќе има до крајот на идната недела и рече дека лидерската средба била презакажана за од понеделник.

Енгел попладнево по средбите во Владата и со политичките лидери од албанскиот блок се сретна и со   претседателот на СДСМ Зоран Заев во седиштето на партијата. Американскиот конгресмен е член и на Комитето за надворешни работи во американскиот конгрес во Македонија тој пристигна заедно со   претставници на албанско-американската заедница во САД.