Македонија
4. September 2015 - 16:57

Медиа.мк: Нов бизнис на балканската мафија, дрогата и оружјето не носат пари колку што носи криумчарењето на мигрантите

Нов бизнис на балканската мафија, дрогата и оружјето не носат пари колку што носи криумчарњето на мигрантите, анализира порталот Медиа.мк.

Порталот ги изнесе бројките и цените во овој црн бизнис.

Официјалните претставници на Европската агенција за управување на надворешните граници, Фронтекс, предупредуваат дека во овој бизнис се вртат околу стотина милиони евра а мафијашите кои некогаш тргувале со дрога и оружје сега се пренасечени кон клунчарење на мигранти.

Бегалците од воените жаришта во Сирија и Ирак немајќи што друго да направат, ги плаќаат огромните суми за безбеден транспорт.

Поголемата контрола на Унгарската граница им донесе повеќе пари на мафијашите кои сега наместо 300 наплаќаат по 1000 евра од човек за транспорт од Србија до Унгарија. Како што велат сведоците од теренот, овие луѓе убаво ги знаат нелегалните премини и многу лесно поминуваат низ безбеднсните бариери кои се поставени од унгарските власти. Понудите може да се видат и на Белградската автобуска станица.

Транспортот од Турција до Грчите острови мигрантите ги чини 1000 евра, за пренос низ македонија мафијашите им земаат 500 евра, а за да стигнат од Србија до Германија има и такви понуди во кои им се бараат 5000 евра.

Изворите на Европол и Фронтекс истакнуваат дека мафијата е софистицирано опремена, а за сумата која ќе ја платат мигрантите добиваат и гарантирана безбедност и храна на својот пат.

Мигрантите велат дека за 10.000 евра добиваат лажни пасоши со кои од истамбул заминуваат директно во Германија.

Според извештаите на Обединетите Нации, Ваквите групи годишно заработуваат околу 150 милиони евра.

Во меѓувреме продолжуваат инцидентите со мигрантите. Грчката полиција употреби шок бомби за да се справи со околу 1000 бегалци кои се обидоа да влезат во бродот кој се обраќа на редовната линија од островот лесбос до Атина.