Македонија
16. April 2024 - 20:14

Меѓаши: Сериозно е нарушена психолошка состојба на децата

Меѓаши алармира за сериозно нарушена психолошка состјба кај децата. На отворениот телефон Ало бушавко во период од  два месеци лани пристигнале 10 повици од деца кои се соочуваат со самоубиствени мисли. Од една страна радува фактот што овие деца се јавиле и побарале помош но од друга страна загрижува колку е реалниот број на деца со суицидни мисли.

За една година добиле над 300 дојави а низ разговорите активистите од Меѓаши откриле сериозни психолошки појави со кои  се соочуваат децата,  особено адолесцентите.

Меѓаши сметаат дека ваквите појави се проблем на јавното здравје кој ќе остави последици врз целото оштество. Институциите  сериозно да го сфатат проблемот  и час поскоро да реагираат, особено да се обрне внимание на децата на улица.