Македонија
20. February 2022 - 8:01

Министерот Османи на средба со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во рамките на Минхенската безбедносна конференција ќе се сретне со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес,  а ќе има средба и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, како дел од делегацијата предводена од премиерот Димитар Ковачевски, соопшти МНР.

Шефот на дипломатијата во текот на денот ќе има излагање на настанот „Празнината во срцето на Европа? Враќање кон Западен Балкан“.