Македонија
28. March 2024 - 12:20

Мисија на УНЕСКО во Охрид

Реактивната мисија на УНЕСКО деновиве ја  скенира состојбата во Охрид за да ја утврди фактичката состојба на терен, по што ќе донесе заклучоци по кои ќе треба државата да постапува. Граѓанските активисти велат дека само мал дел од препораките се исполнети а поголемиот како нелегалната градба на самиот брег од Свети Наум до Радожда и загадувањето на езерото не запира.

Во опасност е и рибниот фонд во водите на охридското езеро пастрмаката е на раб на исчезнување алармираат екологистите.

Во септември минатата година Македонија доби Извештај дека Охридскиот регион го задржува статусот под УНЕСКО, но и обврска да поднесе нов ревидиран план за заштита на Охридскиот регион и нови измени во Законот за заштита и управување на Старото градско јадро на Охрид. 

Според овој закон, се предвидува забрана на нови градби.