Живот
27. January 2019 - 9:21

Мистерија на замрзнатото езеро: Додека се лизгале слушнале чудни звуци, послушајте како пее мразот

Лизгањето на тенок мраз можеби е ризична активност, но секако акустички е неверојатно искуство.

Симката во јануари ја објави Ханс Аспенберг, а на неа се гледа како повеќе луѓе се лизгаат по заледеното езеро Фемсјен во Норвешка, и се слушаат магични звуци од „мразот кој пее“.

Необичните звучни фрекфенции како овие често се случуваат поради промената на температурата во мразот.

Со оглед на тоа дека лизгањето на многу тенок лед е опасно, неопходно е внимавање и добро испланирана акција. Факторите како температурата и атмосферските услови мора да се земат во предвид при стапувањето на мразот, објасни за Национална географија еден од лизгачите.

Поради безбедност, лизгачите обично лизгаат во групи по езерото, за да не се случи да пропаднат во ледената вода.