Македонија
13. December 2023 - 18:29

МВР: Приведени двајца малолетници, со остар предмет повредиле 14 годишник

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници, постапувајќи по претходна пријава денеска околу 13:35 часот, дека во населба Шуто Оризари во Скопје од страна на две малолетни лица со остар предмет му биле нанесени повреди на 14-годишен малолетник.

Од МВР, информираат дека повредениот малолетник е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.