-->
-->
На Трамп ќе му биде запленет имот доколку не ги плати 450 милиони долари, одредени со пресуда
-->
Државната обвинителка на Њујорк, Летиша Џејмс, соопшти дека е подготвена да започне процес на конфискација на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку тој не може да ги плати 454,8 милиони долари утврдени со пресудата.
Во петокот, на Трамп му беше наредено да плати 354,8 милиони долари и дополнителни 100 милиони долари камата, откако судијата Артур Енгорон утврди дека поранешниот претседател на САД погрешно ја претставил својата нето вредност за да добие подобри услови за заем.
– Доколку нема средства да плати, ќе бараме механизми за извршување на суд и ќе побараме од судијата да му го заплени имотот, рече Џејмс во интервју за Еј-Би-Си Њуз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија