Свет
4. July 2018 - 9:44

Над 30 луѓе загинаа при потонување на траект во Индонезија

Најмалку 31 човек, меѓу кои две деца загинаа во близина на брегот на индонезискиот остров Сулавези при вчерашното потонување на траект.

Според спасувачките служби 130 луѓе ја преживеале несреќата, а три лица се водат како исчезнати.

Вкупно 164 патници и членови на екипажот, како и 48 возила имало на траектот за време на несреќата.

Траектот сообраќал од Сулавеси до соседниот остров Селајар, кога почнало да дува силен ветер, што предизвикал големи бранови.

Спасувачката мисија била отежната поради невремето.

Несреќата се случи откако минатиот месец потона претоварен тракет во индонезиското езеро Тоба, едно од најдлабоките вулкански езера во светот, при што загинаа околу 200 луѓе.

Во Индонезија често се случуваат бродски несреќи бидејќи не се почитуваат безбедносните прописи.