Најавено е денешно заседавање на Комисијата за заразни болести околу пертусисот
Се очекува денеска да заседава Комисијата за заразни болести за состојбата со болеста пертусис (голема кашлица) во државава.
Од 15 до 21 март пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица, со 67 отсто зголемување споредено со претходниот седмодневен период, покажуваат податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен во понеделникот.
- Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Куманово, Битола, Тетово, Дебар и во Струга. Возраста на заболените се движи до 44 години. Најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години. Од новите 72 случаи, девет се хоспитализирани - седум деца на возраст под една година и по едно лице од возрасната група од 15 до 19 години и 20 до 29 години, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Заклучно со 21 март, во државава се регистрирани вкупно 287 случаи на голема кашлица.
Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата потпишаа во понеделникот трите медицински комори - Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката, Министерството за здравство, медицинските факултети во земјава и ИЈЗ.
- Вакцинацијата е најголема придобивка на човештвото. За жал, според податоците за 2022 година, во однос на примарната вакцинација и ревакцинација не е постигнат препорачаниот опфат од над 95 отсто за ниту една вакцина на национално ниво. Регистрираниот опфат е под 90 отсто за сите вакцини. Како последица на ова, веќе се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а ризикот од повторно соочување со нови епидемии на мали сипаници, е сериозен, рече Калина Гривчева - Старделова, претседател на Лекарската комора.
Ново на Сител
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила