Најмалку 43 лица загинаа во пожар во трговски центар во Бангладеш
Најмалку 43 лица загинаа во пожар што избувна во шесткатен трговски центар во Дака, Бангладеш.
Министерката за здравство, Саманта Лал Сен рече дека пожарот избувнал доцна синоќа во ресторан во трговскиот центар Грин Кози Котиџ и брзо се проширил на другите катови.
До утрово, најмалку 43 лица починаа, а 22 други останаа со тешки изгореници и се во критична состојба. Тие се лекуваат во две поголеми здравствени установи.
Причината за пожарот не е веднаш утврдена, но бригадниот генерал Мајн Удин, директор на противпожарната служба и цивилна одбрана на Бангладеш, рече дека тој може да потекнува од истекување на гас.
-Тоа беше опасна зграда со плински боци на секој кат, дури и на скалите, рече тој.
Директорот на силите, исто така, додаде дека повеќе од десетина противпожарни единици се распоредени за гаснење на пожарот.
Најмалку 75 луѓе, меѓу кои 42 биле во несвест, биле спасени од зградата, соопштија спасувачите.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот