Свет
20. October 2016 - 14:56

Најмалку осум луѓе загинаа при експлозија во индиска фабрика за пиротехнички средства

Најмалку осум работници загинаа при денешната експлозија во фабрика за пиротехнички средства во јужна Индија.

Експлозијата предизвика пожар во кој се повредени 15 лица, а дел од нив се во критична состојба.

Несреќата се случи во индиската држава Тамил Наду, само неколку денови пред фестивал, што се прославува со огномет.