Свет
29. јуни 2021 - 21:06

Невреме во Франција, падна 60 сантиметри град | ВИДЕО

Во Франција, регионот Восгес од попладнево е погоден од страшно невреме. Околу 60 сантиметри град напаѓале наеднаш во градот Восгес Пломбиерес-ле-Бан, додека во близина на Брујерес за само шест минути биле забележани 10 мм дожд.

Подрумите се поплавени со вода и дел од домовите останале без електрична енергија откако ветерот ги оштети далноводите. Откако поминало невремето, жителите ги чистеа улиците со трактори од напаѓаниот нанос на град.

Француската метеоролошка служба издала предупредувања за бура за целиот североисток на земјата, или 54 региони.

Засега нема извештаи за повредени во Франција.