Македонија
24. August 2023 - 18:26

Невреме во Градско, паднато дрво на стариот пат

 Краткотрајно невреме од дожд  попладнево по 16 часот го зафати реонот на Градско и околните населени места како и  реонот на локалитетот Стоби.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи -Велес, во невремето е паднато едно дрво  на регионалниот пат Велес-Градско кај село Виничани.

-Патот е во реконструкција поради што немало попречување на сообраќајот,но сепак  екипи на Македонија пат   брзо реагирале и за кратко време го отстраниле паднатото дрво од патот, појаснуваат од ЦУК Велес.