Македонија
31. December 2019 - 19:36

Грешките кои не научија дека за некои работи нема назад

13 февруари 2019, студено зимско попладне, за 16 граѓани беше кобен. Пристигна информација од вознемирените жители на Ласкарци, се преврте автобус има жртви.

Автобус на Дурмо турс кој сообраќал од Скопје кон Гостивар излета од автопатот и падна во провалија откако ја пробил заштитната банкина. 51 патник, сите од Гостивар. Први на помош пристигнале мештаните од селото Ласкарци.

Извлекувањето одеше тешко, во спасувањето беа ангажирани екипи на брза помош од Здравствен дом скопје и две приватни клиники. Сите лекари во државната и градска клиника вонредно беа повикани во спасување на повредените. Беа повикани и пожарникарите.

Оваа автобуска несреќа беше запишана како најтешка во историјата на државата. Два дена жалост беа прогласени во Скопје и Гостивар а се одржа и комеморативна седница за загинатите  на која присуствуваше целиот државен врв. За несреќата обвинителството отвори истрага а случајот сега е пред суд. Обвинети се возачот на автобусот,  сопственикот на компанијата и уште неколкумина вработени.

Два месеци подоцна јавноста повторна ја потресе трагична вест за авионска несреќа кај Солунска Глава.  Четиричлено семејство од Бугарија  загинаа во откако  мал авион „Цесна“ падна летајќи од Охрид кон Софија.

На пат кон дома, авионот се изгубил од радарскиот систем западно од Солунска Глава. Во потрагата беа вклучени два полициски хеликоптери. Остатоците од Цесната беа лоцирани на непристапен терен и голема височина.

На должност од автомобил беа прегазени полицајци. На скопската обиколница во обид да спречат и казнат возач на БМВ кој возело со поголема брзина, во моментот додека го легитимирале камион удри директно во нив. БМВ-то изгоре а во пожарот загина возачот на автомобилот. Двајцата полицајци беа пренесени во болница каде едниот ја изгуби битката.  ВО меѓувреме беа повредени уште неколку полицајци на различни локации додека биле на должност. 37 годишен полициски службеник загина на лице место а неговиот колега беше тешко повреден откако пијан возач удри во полициското возило. Трагедијата се случи во Куманово а возачот кој побегна предизвика уште една сообраќајка.

 Последната полициска трагедија се случи пред неколку дена на автопатот Тетово Гостивар додека полицајците го обезбедуваа местото каде се случи сообраќајна несреќа. 23 гдишниот полицаев од Тумчевиште почина на местото на несреќата. Неговиот колега заврши со скршеници.

Автобуска несреќа со македонски патници се случи и во Прокупље Србија. Туристички автобус се преврте движејќи се кон Копаоник. Повредени беа 26 патници од кои еден беше задржан како потежок случај.

МВР постојано апелира на совесно возење но најави и засилени репресивни мерки за по безбедна 2020та.

Покрај сообраќајните несреќи, годинава ја одбележаа и големи пожари. Гореше шумата кај езерото Младост во Велес..Пожарникарите се бореа цели 11 часа со огнената стихија која беше закана за околните населби. Изгоре површини од 400 хектари од кои половина беа со борова шума. Полицијата приведе 4 лица кои се сомничат дека го предизвикале пожарот работејќи со електричен алат.

Прегреан кабел предизвика пожар кој зароби десетина станари на 5ти спрат во зграда во скопска Кисела Вода. Деветмина беа полесно  повредени во пожарот кој дивееше неколку часа во зградата. Опожарени беа 3 стана а жителите од зграда беа евакуирани.  Пожарникарите не можеа веднаш да пристапат поради непрописно паркираните возила а зградата по пожарот остана еден месец без струја. Пожари дивееја и на планините, со часови пожарникарите и авионите на ДЗС се бореа со огнената стихија на Скопска Црна Гора.

Последен во низата огнени катастрофи беше пожарот во велешката населба Варналиите. Загина 80 годишниот сопственик а причината остана непозната. Куќата која гореше е споменик на култура, заштитена со закон бидејќи е стара велешка архитектура од 19 век .

Од скопската бригата регистрирале вкупно 1679 пожари а дополнително уште 300 други интервенции. Најкарактеристичен и невообичаен месец за пожари беше месецот март.