Македонија
10. February 2020 - 16:42

Тим од специјалисти од Клинички ќе утврдува дали Боки 13 може да ги следи судските рочишта

Тим од специјалисти од Kлиничкиот центар ќе утврдува дали првообинетиот во случајот “Рекет” Бојан Јовановски може да ги следи судските рочишта. Ова го побара судијката Васка Николовска – Масевска, откако по препорака на затворскиот лекар, Јовановски денеска не се појави во судница.

Како што напомена судијката, конзилијарниот преглед се бара за да отстранат сите сомнежи околу здравствената состојба на Боки 13.

Денешното рочиште се одложи по час и половина чекање, откако пристигна известувањето од затворот во кое се наведува причината за отсуството на Јовановски.  

“Врз притворениот извршен е преглед. Измерен е притисок од 120 со 70, нормална аритмија на срце. Се жали на болки во стомокот, со постојано гадење. На мислење сме дека не е способен да го следи судскиот процес”, напишал затворскиот доктор.

На здравствената состојба на Боки 13 повторно се осврна и неговиот адвокат.

Врз основа на најновата дијагноза, за укинување на затворскиот притвор на Јовановски оваа недела одлука треба да донесе Кривичниот совет.

Судскиот процес за „Рекет“ се наоѓа во фаза на презентирање на докази, а наредното рочиште е закажано веќе за утре.