Ловот заврши: Покемоните умираат
Видео играта Покемон Гоу која за кусо време ја стана хит на целата планета, ќе добие и своја голема надградна, но сепак ризикува да го загуби тронот.
Популарниот лов на Покемони почна да опаѓа од јули годинава, па креаторите на играта најавуваат мерки за заживување на глобалниот феномен.
Популарноста на Покемон Гоу драстично опада и од врвот на листата на најпопуларни игра е симната од други апликации, а во исто време многу играчи прекинаа да трошат пари за оваа игра.
Сепак, некои аналитичари велат дека Покемон и натаму има голема база на играчи и дека станува збор за мобилната игра со најбрз раст.
Надградбата, кој ја изработи американската фирма „Ниантик“ опфаќа нови Покемони, меѓу кои се Тоџеп и Пику, а новина е и божиќната шапка на Пикаку.
Шапката е ограничена и ќе може да се лови само до 29 декември. Од компанијата нема детали дали ќе биде можна „размена“ на ликовите.
Покемоните донесоа милиони, но добија и конкуренција во играта „Супер Марио“ на „Нинтендо“, која би требало да биде достапна на „ајфоните“ од денеска.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје