Бизнис
24. August 2016 - 11:50

Обнова на локалниот пат Миладиновци-Текија-Дељадровци во Илинден

Во општина Илинден во тек се активности за обнова на локалниот пат  Миладиновци-Текија-Дељадровци во должина од 4.000 метри. Вкупната инвестиција  од 16,8 милиони денари е обезбедена од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура и буџетот на општината.

Со проектот, соопшти денеска општина Илинден, е опфатено поставување нов асфалтен слој и изработка на заштитни банкини, зафаќање и одведување на атмосферските води, како и поставување вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Во тек е поставување нов асфалт со што се подобрува функционалноста на патот и се олеснува движењето на возилата. и на пешаците.

- Со рехабилитацијата на овој локален пат кој е од големо значење за локалното население, значително се подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Општина Илинден продолжува со континуирано инвестирање во локалната патна инфраструктура како еден од приоритетите во насока на рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во сите населени места, се вели во соопштението.