Македонија
24. May 2023 - 13:54

Од паркиран „голф“ украл паричник и документи, приведен крадец во Охрид

Полициски службеници од СВР Охрид денес во 02 часот во Охрид го привеле З.С.(36) од селото Оморани, општина Чашка, информира МВР.

Имено, како што соопшти МВР, охриѓанецот претходно, на улицата „15 корпус“ во Охрид, од паркирано патничко возило „голф“ одзел паричник и документи.

Предметите се вратени на сопственикот на возилото, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.