Македонија
1. August 2015 - 18:43

Од утре невреме и благо освежување

Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните и западните каде не се исклучува можноста за изолирана појава на град.
 
Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 13 до 22, а највисоката се очекува да достигне помеѓу 30 и 38 степени, УВ = 8.
 
Во Скопје утре претпладне времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд со слаб до умерен интензитет, грмежи и засилен ветер
 
Утринската температура ќе се спушти до 19,  а највисоката дневна  ќе достигне околу 36 степени.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во почетокот на новата работна недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со повремен дожд, кој во попладневните часови локално ќе има пороен карактер проследен со грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник кога врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30л/м2), а ќе има и услови за појава на град. Овие врнежи ќе придонесат за благо освежување во наредните два дена.