-->
-->
Охриѓанец измамен за милион денари
-->
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(43) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот го сторил делото на 16.11.2017 година при средба со С.Ј.(52) од Охрид со привремено престојувалиште во Германија. Пријавениот го довел во заблуда оштетениот С.Ј. ветувајќи му дека може да му изгради куќа во Германија. Притоа, со писмена изјава, тој примил 5.000 евра капар, а по извесно време и дополнителна сума на пари. Минатиот месец, кога оштетениот се вратил во Охрид се обидел да се сретне со сега пријавениот, по што сфатил дека е измамен.
Со извршувањето на делото, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.230.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје