Околу 4000 граѓани направиле увид во Избирачкиот список, рокот истекува на 18 март
Подготовките за претседателските, но и за парламентарните избори се интензивни од страна на учесниците на изборите, но и од страна на Државната изборна комисија (ДИК). На 18 март завршува увидот во Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори, а тогаш завршува и рокот за гласање во дијаспората. Листите на кандидати за претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19 март, до 24:00 часот.
За МИА од ДИК информираат дека дека заклучно со 11 март, вкупно 3 994 лица направиле проверка во Избирачкиот список во подрачните единици и канцеларии, шест лица барале промена на податоците, девет лица баралe запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а пет бришење.
Проверката граѓаните ја прават и електронски преку веб страната на ДИК и исто така можат да поднесат и барања. Па, така до 11 март 21 лице поднело барање за промена на податоци по електронски пат, од кои три лица побарале бришење на податоците, а седум за запишување во Избирачкиот список.
Според информациите од Апликација на Државната изборна комсија за регистрација на гласачи од дијаспора (sec.mk) утрово таа бројка изнесува 1010 пријавени, од кои прифатени се 617, необработени 278 и одбиени 115.
Потребните потписи за претседател ги собраа актуелниот претседател Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија и Билјана Ванковска Цветковска од Левица.
Ново на Сител
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот