Османи: Препораката од ЕК е валоризација за направеното во овој период
Чистата препорака од Европската комисија до Советот за започнување на преговори е валоризација за направеното во овој период, меѓутоа тоа што е најважно е дека Македонија е друга држава после помалку од една година.
Ова вечерва го истакна вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи во емисијата Топ Тема на телевизијата Телма.
- Денеска е ден на сите граѓани на Република Македонија, денеска е европски ден на Македонија. Самиот факт што денеска имаме тројца еврокомесари и шест премиери од регионот кажува дека Македонија станува позитивната приказна во регионот и во ЕУ, рече Османи.
Пред речиси само една година, уште нема година од 27 април, посочи, Македонија беше на работ на конфликт, на работ на бездна.
- И денеска тројца еврокомесари доаѓаат и ја вреднуваат државата како вратена на својата евроатлантска патека со вистинска реална перспектива за членство во ЕУ и НАТО, потенцира Османи.
Според него, ова е една значајна одредница, една значајна мотивација и охрабрување за продолжување понатаму.
- Кога ќе постигнете резултат ќе затворите едно поглавје, отворате ново и започнувате со уште посилна динамика. Мислам дека тоа дава резултати. Ова е заслуга на целото општество. Денеска треба да бидат задоволни сите граѓани независно од етничката и партиската припадност, додаде Османи.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници