Пендаровски се сретна со економските советници во Варшава, Анкара, Абу Даби и Минхен
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Илија Псалтиров, Сузана Тунева, Бекри Ајдини и Абдилџемил Саити, економски советници во амбасадите на Република Македонија во Варшава, Анкара и Абу Даби и конзулатот во Минхен.
Новоименуваните економски советници го информираа претседателот Пендаровски за своите планови за претставување на потенцијалите на Република Македонија како дестинација за инвестирање, за промоција на извозните потенцијали, како и за промоција на државата како туристичка дестинација.
Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази уверување дека со нивниот ангажман четворицата економски советници ќе дадат придонес во насока на зајакнување на економската дипломатија и на привлекување на директни странски инвестиции, што ќе придонесе за обезбедување на нови работни места и економски раст.
Претседателот Пендаровски на четворицата економски советници им посака успех во претстојниот ангажман и изрази очекување за конкретни резултати во искористувањето на економските потенцијали меѓу нашата држава и државите што економските советници ги покриваат.
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен