Почина Градимир Јовановиќ – Киби, еден од основоположниците на дневниот весник Слободен печат
Во 81 година од животот вчера во Скопје почина Градимир Јовановиќ – Киби, бардот на македонкското радио новинарството и еден од основоположниците на дневниот весник Слободен печат.
Јовановиќ беше единствен во историјата на македонското радио кој во рамки на радискиот фестивал на југословенската радио и телевизија има освоено три први награди за најдобар радио весник во конкуренција на сите радио станици на СФРЈ, како и прва награда во конкуренција за најдобар политички коментар.
Носител е на повеќе професионални награди за новинарство во државата, меѓу кои и наградата за новинарство „Крсте Мисирков”. Одликуван е со Орден за труд со златен венец од Јосип Броз Тито во името на СФРЈ.
Ќе остане запаметен по своето критичко перо, бескомпромисност и карактеристичен глас.
Погребот е извршен денеска, во најтесниот круг на семејството.
Ново на Сител
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб