Балкан
11. January 2017 - 10:29

Полицијата на чекор да го реши убиството на Јелена, разоткриен нејзин роднина

Полицијата е на чекор до решавање на убиството кое речиси години дена ја тресе Србија, и само е прашање на време кога убиецот ќе биде уапсен.

Новите докази до кои дојде полицијата укажуваат дека со Јелена Марјановиќ во моментот на убиството бил еден нејзин роднина, кого го издал мобилниот телефон.

Истражителите тврдат дека се на чекор од апсење на сторителот на бриталното убиството.

Истражителите пронашле нови ДНК траги кои се споредуваат со генетскиот материјал на членовите на семејството на Јелена Марјановиќ.