Македонија
21. April 2023 - 15:56

Полицијата пронајде 11 мигранти при претрес на „ауди“ во близина на клучката Градско

Денеска во 02.50 часот на автопатот А1, клучка Градско полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово запреле патничко моторно возило “ауди а8“ со скопски регистарски ознаки.

При преглед во него биле пронајдени 11 мигранти, од кои 10 од Конго и еден од Авганистан.

Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.