Полицијата уапси тројца тетовчани
На 26.10.2018 година во 17,00 часот од страна на двајца полициски службеници од Пoлициската станица за безбедност на патниот сообраќај -Тетово, во Тетово на кружен тек од бул.„М.Тито“ и бул.„Јане Сандански“, во редовна сообраќајна контрола било стопирано патничко моторно возило ,, Шкода“ со швајцарски национални ознаки управувано од Р.Ќ (41) од с. Слатино, со адреса на живеење во Швајцарија. Во возилото покрај возачот се наоѓале и двајца сопатници Р. И(29) од с.Слатино, Б. Ш(25) од.с.Слатино. Од страна на полициските службеници од возачот било побарано да приложи документи за идентификација, но возачот одбил да се идентификува и започнал вербална расправија со полициските службеници, а потоа со двајцата сопатници во возилото и физички ги нападнале полициските службеници. Трите лица биле совладани, приведени и задржани во полициска станица. СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам