Македонија
26. March 2018 - 14:26

Понеделник неработен ден

Понеделник, 2 април 2018 година, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот.