Бизнис
25. March 2024 - 13:25

Поскапуваат дизелот и бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33% во однос на одлуката од 22.3.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,940%, кај дизелот за 1,082%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,316% и кај мазутот зголемувањето е за 2,483%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,028%.

Од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,776 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се
зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.3.2024 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението на РКЕ.