Македонија
26. April 2024 - 12:45

Пожар избувна во куќа зад Универзална

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала.

На терен се две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

Засега не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите, а повеќе детали очекуваме наскоро.