Loading Video...
Свет
22. April 2024 - 19:54

Преглед на вестите од светот

Американскиот Сенат  најверојатно утре  ќе го одобри новиот пакет воена помош за Украина   во износ од околу  60 милијарди долари.  За да Украина го добие оружејто и опремата зелено светло треба да даде и претседателот на САД, Бајден  кој пак вети дека Киев нема да чека долго. Според Пентагон, испораката на оружје, вклучително и ракетни сиситеми со подолг дострел може да почне до крајот на неделата.  Американската помош ќе ни помогне да ја стабилизраме ситуацијата на фронтот и да преземе иницијатива  истакна претседателот на Украина, Зеленски.

Најмалку 11 лица се водат како исчезнати во поплавите што ја зафатија југоисточна кинеска провинција Гуангдонг поради обилните врнежи во претходните денови. Поплавите раселија повеќе од 50 000 луѓе. Спасувачките служби добија помош од кинеската армија, која помага во евакуацијата  на жителите и во расчистување на патишата.

Шефот на израелското воено разузнавање, генерал мајор  Ахарон Халива поднесе оставка, велејќи дека ја презема  одговорноста поради неуспехот да го спречи терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври мината година, во кој загинаа 1200 луѓе, а 250 беа заробени.  Халива е првиот висок изарелкси функционер кој поднесе оствака во врска со нападот. Во меѓувреме, началникот на израелскиот воен штаб  ги одобри плановите за копнена офанзива во Рафах,  а шефот на израелската влада порача дека  новите удари против Хамас ќе бидат  уште поболни. Шефот на политичкото биро на Хамас Исмаил Ханије во исто време ги повика блискоисточните и европските земји да го запрат евентуалниот израелски напад врз градот Рафах предупредувајќи дека тоа може да доведе до масакр на палестинското население.  Во Рафах има над 1 милион бегалци.

Централната изборна комисија на Косово   соопшти дека пропаднала иницијативата за смена на албанските градоначалници во Лепосавиќ, Звечан, Северна Митровица и Зубин Поток, бидејќи гласале само 253 од 46 556 граѓани кои имале право на глас. За изборниот процес да биде успешен, треба да гласаат 50 отсто плус еден гласач. Бидејќи гласањето беше неуспешно, градоначалниците остануваат на власт, а во текот на годината  не може да се покрене нова иницијатива за нивна смена. Претседателката на Косово, Вјоса Османи оцени дека Косово им овозможило на граѓаните во општините на северот на Косово преку процесот на отповикување да ги сменат актуелните градоначалници и да избираат нови, но тамошните срби  се одлучиле за бојкот.