Преработувачката индустрија со поповолни очекувања за наредните три месеци
Преработувачките капацитети имаат поповолни очекувања за обемот на производство во наредните три месеци, а состојбата со обезбедност на производството со порачки во август годинава во однос на јули е понеповолна, објави Државниот завод за статистика.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија, залихите на готовите производи се зголемени во однос на јули 2019 година, економската состојба е поповолна, а се очекува незначително намалување на бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2019 година изнесува 69,8 отсто од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имале недостигот на квалификувана работна сила со 23,1 отсто, недоволната странска побарувачка со 18,8 отсто, недоволната домашна побарувачка со 15,3 отсто и неизвесното економско опкружување со 12,6 отсто.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани