Претставување на поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски во рамки на научната визита на МАНУ во Охрид
Во рамки на четвртата научна и уметничка визита што ја организира МАНУ, во куќата на Уранија во Охрид утревечер со почеток во 19 часот ќе биде претставено поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски собрано во книгата „Поезија – Ткаења“.
Промотовен збор за творештвото на Димоски ќе одржат академик. Катица Ќулавкова и Мите Стефоски, директор на Струшките вечери на поезијата, а избрана поезија на авторот ќе читаат актери од театарската група „Аматер“.
Димоски во досегашното творештво има десет стихозбирки, четири книги за деца, три книги есеи, осум изданија со избор од неговата поезија, тринаесет книги објавени на други јазици, а негови поетски циклуси и поединечни песни се преведени на над триесет јазици, меѓу кои: англиски, француски, руски, малезиски, српски, романски, турски, албански, шведски, шпански, чешки, хрватски, словенечки, полски, азерски, украински, бугарски, германски, хебрејски, арапски, италијански, грузиски, ерменски, монголски...
Застапен е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот од 1982 година наваму.
Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на бројни награди и признанија меѓу кои наградите „Млад борец“, „Млада Струга“, „Златно Јаболко“, „Браќа Миладиновци“, „Гран-при на Европа“ во Романија, „Златна Есен – Сергеј Есенин“ во Русија, а двапати е лауреат на највисокото општинско призније – „Св Климент Охридски – патрон на Охрид“.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците