Презентација на нова серија апарати за третман со функционална магнетна стимулација
Нова серија апарати за третман со револуционерната функционална магнетна стимулација ќе биде претставена утре во Скопје. Начинот на функционирање, можностите што ги нуди и пренесување на искуствата ќе бидат презентирани од страна на примариус д-р Дамир Хоџиќ од Загреб, Хрватска, вработен на Одделот за гинеколошка урологија на Клиниката за женски болести и породување на клиничката болница „Меркур“ во Зареб.
Тој ќе говори на тема „Функционалната магнетна симулација во третман на инконтиненција и нарушувања на карличното дно“.
Целта, според организаторот, е ваквиот производ соодветно да се доближи до докторите специјалисти од оваа фела и да се претстави оваа нова современа и неинвазивна метода што постигнува загарантирани резултати.
Организатор е компанијата Елмед доо од Скопје, која е застапник на брендот Искра медикал од Словенија на македонскиот пазар од 1995 година.
– Развојот на технологијата и нејзината темелна имплементација од производителот овозможуваат еден уред за третман на патологии во повеќе домени од медицината вклучувајќи ги физикалната медицина, урологијата, гинекологијата и неврофизиотерапијата. Извонредната можност за терапија и стимулација на длабински структури со магнетно поле до 3 Тесли доведува до резултати што надминуваат секакви очекувања и кај уринарната инконтиненција и нарушувања на карличното дно, наведуваат од Елмед.
Ново на Сител
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош