Македонија
29. April 2024 - 13:07

Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога

Вчера во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(19) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.