Македонија
6. August 2015 - 14:24

Продолжен притвот за сообраќајката кај ТЦ „Зебра“

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје по предлог на Основното јавно обвинителство му ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена на Б.Б., кој ја предизвика сообраќајката кај ТЦ „Зебра“ во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска – Павловска.

- Основното јавно обвинителство до Основен суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден достави обвинителен акт за сообраќајната незгода што се случи на 7 јули кај трговскиот центар „Зебра“ во која животот го загуби Сузана Тодоровска – Павловска. Обвинителниот акт е поднесен против лицето Б.Б. за кривичното дело „тешки дела против имотот и безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 ст.2 вв чл.297 ст.1 од Кривичниот законик, како и предлог против истото лице за продолжување на мерката притвор, се наведува во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Обвинителниот акт, како што е посочено, е распределен на совет за оценка.

- Воедно кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје по предлог на Основното јавно обвинителство, ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена сметано од 06.08.2015 година до 05.09.2015 година поради тоа што се уште постојат основите за определување на притворот, околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе го повтори кривичното дело, предвидени во чл.165 ст.1 т.1 и т.3 од ЗКП, се вели во соопштението од Судот.