Фудбал
1. May 2022 - 20:08

Продолжува трката за скудетото во Италија

Продолжува мртвата трка за Скудетото во Серија- А откако Милан и Интер остварија победи во денешната 35-та рунда. 
Росонерите против себе ја имаа цврстата Фиорентина и славеа со минимална победа со голот на Рафаел Леао во 82-та минута.  По победата на Интер против Удинезе Милан останува со два бода предност на врвот на табелата и за освојување на шампионскиот трофеј му се потребни 7 бода во последните три кола.