Македонија
17. September 2018 - 8:36

Промоција на книгата „Миграции и безбедност“ од проф. д-р Златко Николоски

Книгата „Миграции и безбедност“ од авторот проф. д-р Златко Николоски денеска ќе биде промовирана во Порта Македонија во Скопје.

Трудот е посветен на влијанијата на миграциските движења врз безбедноста на нашата држава и преставува корисна литература за сите кои научно се интересираат за миграцијата и нејзините влијанија врз безбедноста, нејзините контраиндикации, но и позитивни ефекти, како и на оние кои професионално се занимаваат со активности поврзани со безбедноста.

Промотори на трета книга од областа на миграциите и безбедноста на авторот Николоски ќе бидат проф. д-р Никола Панов, проф. д-р Сем Вакнин, директорот на МЦМС Александар Кржаловски и Тихомир Николовски од УНХЦР.