Македонија
23. February 2017 - 8:48

Промоција на Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва

„Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва“ формиран во функција на зголемување на пласманот на македонски производи на пазарот на Руската Федерација, денеска ќе биде промовиран во Скопје во организација на Македонско - руската стопанска комора.

На промоцијата најавено е присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, на рускиот амбасадор во Македонија, Олег Николаевич Шчербак, на македонскиот амбасадор во Руската Федерација, Гоце Карајанов, на потпретседателот на Московската стопанска комора Роман Викторович Дунко, на вишиот советник на потпретседателот на Московската стопанска комора Илја Владимирович Платонов, на претседателот на управата на Евроазискиот деловен сојуз Виктор Тузарович Камболов, како и на менаџментот на „Македонски дом“ од Москва, Инна Жарова.