Loading Video...
Свет
19. April 2024 - 16:33

Ракетен напад во Иран

Иранската противвоздушна одбрана  во текот на ноќта  собори три  беспиолни летала  над  провинцијата   Исфахан соопштија властите во Техеран .Информираа  дека  нуклеарните постројки во Исфахан се безбедни, а цел била иранската воздухопловна база. Иранските власти не дадоа  информации кој  го извршил нападот, тврдат дека бил мининален и не предизвикал штети , а за експлозиите  што  се слушнале во текот на  нокта  рекоа дека биле од системот за  против воздушна одбрана. Израелските власти за сега ниту потврдуваат,ниту демантираат дека стојат зад нападот, но американските медиуми пренесуваат дека Белата куќа вчера била  предупредена  за можен израелски напад.  Дел од безбедносните експерти сметаат дека  и двете страни се обудуваат да си го обелат образот.

- Ова беше ограничен напад наменет да покаже дека Израел има способност да нападне внатре во Иран и да погоди прилично чувствителни цели изјави Џонатан Лојд од Центарот за нова американска безбедност

- Израел се ограничи на нешто што е многу ограничено и добро замислено. Можам да кажам дека според мене тоа беше дефинитивно во еден вид договор со Соединетите држави. Израел засега, како Соединетите Американски Држави, како Иран, всушност би сакал да го заврши ова поглавје и да добие одредена слобода да оди за Рафах изјави УЗИ РАБИ изрелски безбедносен експерт.

Тензиите меѓу Израел и Иран се зголемија по  израелскиот напад врз  иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април  во кој неколку ирански државјани го загубија животот. Токму тоа беше и причината минатата недела Иран со над 300 беспилотни летала и проектили да го нападне Израел, чин за кој израелските власти најавија дека ќе се одмаздат