Македонија
30. April 2024 - 16:54

Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица

Распределбата на спортски ваучери преку Агенцијата за млади и спорт, на обвинителна клупа ќе седне 12 лица. Актуелниот директор, Наумче Мојсоски, неговиот претходник Дарко Каевски и првиот човек на Македонскиот олимписки комитет обвинети се за Злоупотреба на положбата, а останатите деветмина се гонат за несовесна работа.

„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителне предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд – Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“ велат од обвинителството.

Мојсоски и Каевски во телефонски разговор рекоа дека од медиумите дознале дека се обвинети за злоупотреба на положбата, а потврдија дека неколкупати биле на распит во обвинителството за распределбата на спортски ваучери. Случајот го откри антикорупциската комисија во февруари лани, а нивните проверки откриле злоупотреби во распределбата кои траеле три години. Според ДКСК, фаворизирале клубови, федерации и поединци.

За сите обвинителството бара мерки на претпазливост како одземање на пасошите и јавување во судот.

Не се открива колкава е штетата врз државниот буџет, но се проценува дека таа е во милионски износ.