Свет
5. May 2017 - 12:10

Русија: Авиони на САД не може да летаат во безбедносните зони во Сирија

Зоните за безбедност што се формираат во Сирија, ќе бидат затворени за воени авиони на САД и авиони од коалицијата предводена од САД, изјави денеска рускиот пратеник на мировните преговори за Сирија во Астана, Александер Левретњев.

Тој додаде дека дозвола од СБ на ОН не е неопходна за воспоставување деескалациски зони во Сирија, но Москва очекува дека ќе биде одобрена од ОН.

Турција и Иран прифатија вчера руски предлог за формирање „деескалациски зони“ во Сирија што ОН го поздравија, додека САД изразија скептичност. Русија, Турција и Иран потпишаа вчера меморандум за формирање зони за безбедност во Сирија за кој претставник од делегацијата на сириската опозиција веднаш рече дека не може да се прифати.