СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ, заложништвото на Мицкоски си го направи своето
ВМРО-ДПМНЕ е силно против интеграцијата во Европската Унија.
Очигледно дека заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димитар Апасиев и Левица си го направи своето.
Тие двајца се единствените кои се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани и Мицкоски секојденвно тоа го потврдува.
Апасиев го вози Мицкоски, тој е негова инспирација и со него се натпреварува како да го закочи патот кон ЕУ и кој поголема штета ќе предизвика на државата, на идните генерации.
СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи.
Подготвени сме, ќе бидеме предводник на проевропската коалиција и во иницијативата да се направат сите неопходни реформи и уставни измени за да го продолжиме патот кон Европа.
Деструкциите на двоецот Мицкоски-Апасиев повторно ќе бидат поразени.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред