Живот
28. July 2015 - 10:50

Се откажал од кариерата за да биде со девојка која настрадала во пожар

Туриа Пит се запознала со Мајкл Хоскин уште во основно училиште. Нивната врска започнала во 2009 година, а во 2011 Туриа настрадала во пожар.
 
Нејзиното тело било изгорено 65 проценти, останала без прстите на десната рака, а поминала и пет месеци во болница.
 
Неодамна, Мајкл и Туриа се вериле, откако тој решил да се откаже од својата кариера за целосно да и се посвети на сопругата.
 
- Купив дијамантски прстен додека Туриа беше на интензивна нега. Не сакам луѓето да не сожалуваат, сакам да продолжиме нормален живот, вели Мајкл, кој додава...
 
- Таа има неверојатна енергија. Обожува да го поминува времето на океан исто како и јас, па често го правиме тоа.