-->
-->
Се урна дел од зграда на универзитет: Спасени сите студенти и професори
-->
Дел од зградата на универзитет во рускиот град Санкт Петербург се урна попладнево, но сите студенти и професори кои се наоѓале внатре се безбедно евакуирани, соопштија службите за итни случаи.
Потврдено е дека 86 лица се безбедно евакуирани и не е пронајдено ниту едно тело под урнатините за време на спасувачката операција.
Ректорот на универзитетот, Владимир Василев изјави дека никој не останал затрупан под урнатините.
Инцидентот се случи денеска на Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика додека се одржувала настава, пишува „Раша тудеј“. Претходно беше објавено дека најмалку 60 луѓе биле евакуирани од зградата по несреќата, а се стравуваше дека под урнатините се наоѓаат дури 21 лице.
На фотографиите кои се објавени по уривањето се забележува голема дупка на покривот од зградата, како и густа прашина.
Несреќата најверојатно е предизвикана од градежните работи во зградата, каде горните катови делумно се распаднале.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови