Седница на собраниската Комисија за транспорт и врски
Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска ги поддржа предлог-законите за изменување и дополнување на законите за градење и за продажба и давање под закуп на деловни згради и простории на Република Македонија, по скратена постапка.
Со измените на Законoт за продажба и давање под закуп на деловни згради и простории на РМ, според образложението, треба да се овозможи продажбата и давањето под закуп на деловен простор да се врши и согласно други закони, доколку за одреден деловен простор во друг посебен закон се пропишани условите, начинот и постапката за продажба и давање под закуп.
Се врши и разграничување во висината на банкарската гаранција за сериозност на понудата во зависност од тоа дали деловниот простор е предмет на продажба или давање под закуп, со што ќе се зголеми бројот на учесници во јавното наддавање во случај кога се врши давање под закуп на деловниот простор. Висината на банкарската гаранција за сериозност на понудата кога се работи за деловен простор кој се дава под закуп се предлага да биде 2 проценти.
Со предложените одредби во Законот за градење, пак, се предвидува постапката за издавање одобрение за градење за градбите во технолошките индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Македонија и од правни лица, како и за градбите во индустриски и зелени зони основани од Владата на Република Македонија, од 1 септември годинава да се спроведува согласно законите за технолошките индустриски развојни зони и за индустриски-зелени зони во писмена форма. Надлежни органи за спроведување на постапката, според предлогот, ќе бидат Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и Министерството за економија кое ќе биде надлежно за спроведување на постапките за градбите во технолошките индустриски развојни зони кои се предмет на јавно-приватно партнерство.
Исто така, се утврдува и надлежност на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони за издавање на решение за изградба на градбите или поставување на опремата кои се утврдени во член 73 од законот за кои градби не се издава одобрение за градење, кои ќе градат односно поставуваат во рамки на технолошко индустриските развојни зони и индустриските и зелените зони, како и на Министерството за економија за градбите во предметните зони за кои е склучен договор за јавно приватно партнерство.
Со предлог законот се утврдува дека проектната документација за градбите во зоните ќе се изработува и заверува во писмена форма. Единствено постапките за измени во текот на изградбата, промена на инвеститор, издавање одобрение за употреба и упис на недвижности во јавната книга на недвижности за градбите во овие зони за кои е издадено одобрение за градење согласно одредбите на Законот за градење, ќе се спроведуваат во електронска форма.
Поддршка од матичната Комисија добија и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќа и извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2014 година.
Ново на Сител
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт