Шекеринска: Темните страници од балканската историја не треба да ни бидат судбина
Како Влада и како луѓе ќе правиме се што е во наша можност да не направиме сите ние да бидеме заложници на историјата. Темните страници од балканската историја не треба да ни бидат судбина и ако европските нации најдоа сила да не забораваат, но да простуваат, тоа треба да го правиме и ние. Нашиот обид како Влада е да наоѓаме решенија кои ќе ни обезбедат европска иднина, нагласи денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Таа, на новинарско прашање околу реакциите за интервјуто за бугарски медиум на премиерот Зоран Заев, посочи дека она што премиерот го кажал не е негација ниту на фашистичката опасност, ниту на нашата антифашистичка борба.
– Планот, политиката, желбата на премиерот е да отвори малку повеќе врати помеѓу соработката на Македонија и Бугарија и да не дозволи тоа што се случувало пред 70 години да ни биде единственото нешто за што дискутираме во 21 век, нагласи Шекеринска.
Министерката за одбрана потенцираше дека она што го покажале во изминатиот период како Влада е дека сакаат и знаат да работат на компромис, но и дека кажувааат „не“ и не бегаат од „не“ таму каде што предлозите се неприфатливи. Така, како што посочи, ќе продолжат да прават и понатаму.
– Фашизмот нема етничка боја. Денес кога зборуваме за нашите односи со Германија, не дозволуваме тие односи, како ни односите меѓу Франција и Германија, да бидат доминирани од прашањето на фашистичкото минато. Прашањето не е дали ќе ја читаме или ќе ја заборавиме историјата, треба да се памети историјата. Прашањето е дали денеска ќе ги носиме одлуките исклучиво базирани на тоа што се случувало пред 70 години. Јас мислам дека мнозинството граѓани особено оние кои се силни поддржувачи на антифашистичката борба во Македонија сакаат да ја гледаат иднината како таква шанса, не како заложник на историјата, заклучи Шекеринска.
Ново на Сител
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот